НА КОГО МУ ПРЕЧЕШЕ ОВАА ОДРЕДБА ОД ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК НА СФРЈ? Апасиев со предлог за казнивост на судиите
По случајот во кој трагично згасна животот на младата Фросина, се кренаа лавина реакции во јавноста за судиите, мотивирани од фактот што 20 годишното момче што ја прегази Фросина, бил ослободен од судија за претходно кривично дело.
По тој повод се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој вели дека ќе бара измена на кривичниот закон.
„На кого му сметаше оваа одредба од југословенскиот КРИВИЧЕН ЗАКОНИК НА СФРЈ (1976)?
И зошто истата е изоставена, па дури е воведена и спротивна одредба со Амандманот XXVII на Уставот на РМ (2005)?
p.s. Пратеничката група на Левица повторно ќе ја предложи оваа законска одредба, преку рогација на КЗ!
Доколку тоа не успее, вреди да се размисли Претседателката на РМ - преку својата уставна можност, да предложи и уставни измени на оваа тема, со бришење на НЕКАЗНИВОСТА НА СУДИИТЕ како концепт кој во пракса се докажа како многу опасен по владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните, а кој стана и непресушен извор на корупција, напиша тој.
Слично
