Економија, финансии, бизнис

Контакт

На кого може да му се случи народ?

На кого може да му се случи народ?

Двете најголеми партии во земјата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска меѓусебно се обвинија дека може на едните, односно на другите да им се случи народ. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека на премиерот Зоран Заев ќе му се случи народ доколку Владата преговара за решение кое ќе го негира нашиот идентитет, историјата, нашиот македонски народ, неговата посебност, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој вели дека не смее да се преговара за македонските национални херои, но и за откажување од малцинството во Бугарија.

Од СДСМ вратија дека народ веќе му се случи на според нив очајниот Христијан Мицкоски. Додаваат дека граѓаните веќе три пати ги поразија неговите антидржавни политики.

Од владејачката СДСМ тврдат дека нивните ставови се јасни, а политиките во изминатите три години се конзистентни и нашиот идентитет е „цврст како бетон“, а јазикот признаен како еден од јазиците на ЕУ и е запишан во Обединетите нации.

Слично

Поврзани вести