Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ 27 ГОДИШНИК - тој е негов сограѓанин, заработи кривична пријава

НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ 27 ГОДИШНИК - тој е негов сограѓанин, заработи кривична пријава

На кандидатот за градоначалник од Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ му се заканувал 27 годишник од Прилеп, преку социјалната мрежа фејсбук. 

СВР Битола - Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

Ова го соопшти Министерсдртвото за внатрешни работи.

„Имено, на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа Фејсбук едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство. Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп“, велат од Полицијата во своето соопштение до јавноста.

Слично

Поврзани вести