Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА JUNIOR ЗАБАВИ СЕ ТОЧИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ - директорот на Пазарна им објави „војна“ на угоститителите, а ги искара и родителите

НА JUNIOR ЗАБАВИ СЕ ТОЧИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ - директорот на Пазарна им објави „војна“ на угоститителите, а ги искара и родителите

Директорот на Пазарниот инспекторат им објави „војна“ на газдите на угостителските објекти кои точат алкохол на малолетници.
За време на викендот имало засилени контроли низ угостителски бјекти, особено на junior забавите, каде угостителите се фтени на дело дека се точи алкохол.
Тој ги потсети дека за тоа дело се одговара кривично, како и дека казните се и до 4.000 евра.
„СТОП за точење алкохол на малолетници, засилените контроли на терен продолжуваат!

За време на викендот што измина пазарниот инспекторат во координација со МВР спроведе акциски контроли во угостителски локали каде што се организираат забави за малолетници (junior забави), при што беше констатирано дека се точи и продава алкохол на малолетни лица.

Напоменувам дека точење алкохол на малолетници е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат фатени како точат алкохол на малолетници се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец, а за повторување на делото може да следува и целосна забрана за работа.

Апелирам ваквата појава веднаш да престане! Апелот го упатувам и до угостителите, но и до родителите. Родители, разговарајте со децата за штетноста од конзумирањето на алкохол, бидејќи се работи за нивно добро и здравје.

Заедно со колегите од инспекторатот, но и со другите надлежни институции, и понатаму ќе спроведуваме интензивни заеднички акции со цел спречување на ваквите случувања.

Секој кој ќе го прекрши законот, нема да биде поштеден од изрекување на соодветна санкција!“, напиша Трајковски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести