Економија, финансии, бизнис

Контакт

На јавноста ќе и се направи ќеифот со тргање на галиите, ама ќе плати народот

На јавноста ќе и се направи ќеифот со тргање на галиите, ама ќе плати народот

Идејата на скопскиот градоначалник да се дислоцираат трите галии во реката Вардар сигурно ја забавуваат и радуваат дел од македонската јавност која со години го критикуваше овој проект на претходната власт и сметаше дека овие бродови-ресторани изгледаат грдо и не се соодветни за Скопје. Сепак, колку и да има желба за нивно дислоцирање или целосно демонтирање потфатот на еден таков чекор ќе чини доста пари, кои ќе треба да бидат потрошени сепак, од градскиот буџет кој се полни со пари на граѓаните.

За овие галии веќе се потрошени големи средства и истите подолг период ги користат концесионер кои исто така вложиле пари како приватни стопанственици со цел да развијат угостителски бизнисе. 

Сега, повеќе од популистички причини Шилегов на неколку наврати најавува дека издал наредби галиите да се тргнеле од коритото на Вардар бидејќи предизвикуваат опасност од можно поплавување на кејот.

„Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста и со тоа сериозно се зголемува опасност од поплавите. Истовремено наложено му е на претпријатието ’Бетон‘ како изведувач на панорамско тркало да го среди своето градилиште да обезбеди максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост.

Воедно, ги повикуваме сите релевантни институции во државата да се вклучат во отстранувањето на штетите од овој проект, со цел да спречиме дополнителни трошоци и да ја обезбедиме сигурноста на граѓаните“, рече Шилегов.

Од ВМРО ДПМНЕ му предлагаат на скопскиот градоначалник милионите кои сака да ги потроши на рушење на веќе постоечки објекти, да инвестира во изградба на канализација во население места Гоце Делчев, Трубарево, Идризово, Јурумлери и Дрма.

Шилегов еднаш веќе во ноември тврдеше дека дал налог да се дислоцираат галиите од центарот на Скопје, но тогаш немаше поконкретни чекори за реализација на ова ветување. Практично подоцна  се случија и помали излевања на реката Вардар откако надојде поголема количина на сливна вода од запдниот дел на Македонија по обилните дождови. 

Х.С.

Слично

Поврзани вести