Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Изет Меџити доволни му се три мандати во општина Чаир

На Изет Меџити доволни му се три мандати во општина Чаир

Градоначалникот на општина Чаир и потпретседател во ДУИ, Изет Меџити, на социјалните мрежи објави дека нема да бара четврт мандат по ред од граѓаните и како што вели тој, дојде време да им се даде можност на помладите генерации на ДУИ.

„По три мандати, односно дванаесет години, дојде време да се создаде простор и можности за новите генерации на нашата политичка структура да го дадат својот придонес и знаење, како и да ги покажат своите вештини и одговорност. За мене беше чест да се влезе во историјата како прв претседател на албанското мнозинство во општините во градот Скопје“, напиша на својот Фејсбук профил Изет Меџити.

Мандатот на градоначалниците престанува во средината на мај годинава, а сосема неизвесно е кога ќе се распишат и одржат новите локални избори.


Слично

Поврзани вести