На изборите нема чкртање со фломастер на прст, има нов метод!
Немојте да се изненадите доколку на изборите на 11 декември нема да бидете обележани со фломастер на прстите од раката.
Овој принцип отиде во историјата кога Уставниот суд, донесе одлука за негово укинување поради дебатите кои е водеа во јавноста и во кои се пласираа тврдењата дека со обележувањето се загрозуваше приватноста на гласачот, бидејќи на тој начин секој можеше да забележи дали одреден човек гласал или не.
Наместо него, ќе бидете обележани со безбоен спреј кој може да се види само под специјална УВ-ламба.
Покрај тоа, на списокот до името и презимето и останатите податоци за гласачот ќе стои негова слика од лична карта или пасош.
Пред да влезете да гласате во просторијата каде што ќе треба да го извршите вашето граѓанско право, членовите на ДИК најпрво ќе извршат проверка со УВ-ламба, а потоа ќе бидат проверени и вашите податоци.
