На истокот најстудено - колку степени под нулата се измерени?
Најстудено утрово беше во Берово каде се измерени -6 степени.
Во Струмица и Скопје Петровец се измерени -4 степени, -3 во Гевгелија и Демир Капија, -2 во Штип, Куманово, Скопје, Крива Паланка и Битола, 0 во Тетово, 1 во Крушево, 2 во Виница, Ѓуриште, Прилеп и Маврово, 3 во Тополчани, Дојран, 4 во Претор и Охрид до 5 степени во Дебар и Пожаране.
Во текот на ноќта времето во западните делови од Македонија беше облачно, додека во источните делови на повеќето места имаше мала до умерена облачност со слаб јужен ветер, по котлините имаше појава на слаба магла.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани врнежи.
Слично
