Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Инфективна починал 26 годишен кавадарчанец од коронавирусот, имал апластична анемија

На Инфективна починал 26 годишен кавадарчанец од коронавирусот, имал апластична анемија

Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.

„Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојб“а, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.

Според неофицијални извори блиски до момчето, тој бил позитивен на коронавирус. На клиника се лекувал и неговиот брат, дознава ТВ Сител. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.

Слично

Поврзани вести