На Халкидики вадат таблички за непрописно паркирање: Казната 40 евра
Кога летуваат во Грција, Македонците и Србите најчесто одат на Халкидики, на првиот од трите полусострови кои излегуваат на Егејско море или познатите три краци. На првиот кој е најблиску пак, најпосетени се Полихроно, Ханиоти, Пефкохори. Најчесто се патува со автомобил, а секоја од вилите има ограничен паркинг простор за посететителите на сместувањето.
Туристи од Србија кои во моментов се таму, на социјалните мрежи споделуваат дека полицијата таму почнала да казнува за непрописно паркирани возила, ги остранува табличките, а казната е 40 евра.
Сопственикот на возилото после треба да оди да си ги земе одземените таблички, за што се наплаќа дополнително.


Слично
