Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Груевски ќе му се суди во отсуство-одбраната против?

На Груевски ќе му се суди во отсуство-одбраната против?

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради немање услови за негово одржување, е одложено за 23 ноември. На рочиштето не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои од утринава се во притвор во затворот во Шутк, пренесе МИА.

На рочиштето присуствуваше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која пред почетокот на рочиштето во изјава за медиумите рече дека не очекува мерките за претпазливост што и ги има изречено судот, да бидат преиначени во притвор.

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот појасни дека притворот за Јанакиески и Божиновски е побаран бидејќи во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и Груевски.

Најави дека доколку постојат сознанија за бегство и за останатите обвинети во случајот „Титаник“ ќе биде побаран притвор.

За поранешниот премиер Никола Груевски, обвинителката Стефанова побара да му се суди во отсуство на што се спротиставија адвокатите на одбраната.

За ваквиот предлог на Стефанова, како што истакна судијата Осман Шабани, судскиот совет ќе се произнесе дополнително. Тој издаде и наредба на следното судско рочиште да бидат спроведени од истражниот затвор во Шутка обвинетите Јанакиески и Божиновски.

Според адвокатот на одбраната Еленко Миланов, со судењето во отсуство на Груевски би му се ускратиле основните права како што се учество во постапката, распит на сведоци и произнесување по докази.

Слично

Поврзани вести