Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Груевски, Јанакиевски и Трајковски ќе им се суди за рушењето на Космос

На Груевски, Јанакиевски и Трајковски ќе им се суди за рушењето на Космос

Судот го прифати покренатото обвинение од Специјалното јавно обвинителство за предметот „ТНТ“ кој произлезе од прислушкуваните разговори за рушењето на објектот „Космос“ на семејството Цаноски.

Поранешната в.д претседателка на Кривичниот суд Татјана Михајлова позитивно го оценила обвинението за случајот на  „ТНТ“ што значи судењето ќе може да започне.

За ТНТ ќе можат да бидат слушнати и 26 прислушувани разговори кои Кривичен ги одби, но Апелација пресече дека можат да бидат дел од доказите. 

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и уште четири лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.


Слично

Поврзани вести