На граница уапсен 24 годишен криумчар од Албанија, превезувал 10 мигранти
Синоќа, на 20-тина минути пред полноќ, полицијата уапсила 24 годишник од Албанија, кој пренесувал мигранти од Египет и Мароко.
„На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија. При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
