На градоначалникот Папазов му се слоши додека Мицкоски држеше прес, но сега е добро
При денешната прес-конференција на која говореше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов му се слоши.
Мицкоски ја прекина прес-конференцијата, на која беа присутни сите нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а по неколку минути информираше дека Папазов е добро.
Кусо по прес-конференцијата, Мицкоски на својата Фејсбук страна објави фотографија со Папазов и потврди дека тој е добро.
„Интензивен период беше и тоа си зема данок… Поминавме многу, ќе поминеме уште. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!“, напиша Мицкоски.
Тој побара градоначалниците веднаш да почнат со капиталните проекти, но и да бидат поскромни од нивните претходници, за ручеци, користење на службени возила и слично.