Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ГАК РОДЕНО БЕБЕ БЛИЗНАЧЕ СО АМНИОНСКА ОБВИВКА: Девојчето и неговото братче се во добра состојба

НА ГАК РОДЕНО БЕБЕ БЛИЗНАЧЕ СО АМНИОНСКА ОБВИВКА: Девојчето и неговото братче се во добра состојба

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка.

„Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез.

Породувањето го изврши примариус д-р супспецијалист Адела Стефанија и бебињата се преземени од педијатар супспецијалист Рената Димитриеска. Тие се наоѓаат на ОИНТ и се во добра состојба“, се вели во соопштението од Гинекологија.

Машкото бебе има 2.210 грама родилна тежина и се роди со апгар 8/9, а женското бебе, кое беше извадено со амнионската обвивка, е тешко 2.150 грама и е со апгар 7/8.

Слично

Поврзани вести