Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Филипче не му се допадна заминувањето на лекарката во Хвар, таа бега од метежот во Скопје

На Филипче не му се допадна заминувањето на лекарката во Хвар, таа бега од метежот во Скопје

Капацитетот на лекарката која замина да работи во хрватското гратче Суќурај, во Хвар нема да биде искористен. Ова е ставот на министерот за здравство Венко Филипче даден во интервју за Радио Слободна Европа.

Филипче смета дека лекарката згрешила што заминала а тоа го поткрепува со тоа што како вели, се работи за мало место со мал број на жители а потенцира и дека во државава се разработува модел што треба да обезбеди здравствена заштита за граѓаните во руралните средини и во помалите општини преку мобилни патронажни сервиси на домашна посета. 

Според медиумите, во земјава докторката Војновска  работела 11 месеци во село Бојане каде што имала плата од 330 евра.

Медиумите од Хрватска пред неколку дена објавија дека само една лекарка била заинтересирана за огласот кој го објавиле.

Таа таму покрај плата и бесплатен стан, од општината ќе има и бонус од 6 728 евра годишно.  

Докторката Војновска испадна херој во очите на хрватската јавност откако по подолго време се нафати да ги лекува жителите на гратчето Саќурај по положувањето на дополнителните испити кои се бараат според хрватските прописи. Таа веќе изјави дека и се допаѓа мирниот живот на море, наспроти метежот во Скопје.

Коментарите пак на оваа тема во јавноста се разни. Едни ја поддржуваат, други пак негодуваат.

Слично

Поврзани вести