Економија, финансии, бизнис

Контакт

На ФЕИТ 5-та студентска конференција за енергетската ефикасност

На ФЕИТ 5-та студентска конференција за енергетската ефикасност

Педесетина студентски трудови од областа на енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе бидат претставени на 5-та Студентска конференција на ФЕИТ која денес започнува во Скопје. 

Покрај презентациите на студентите, ќе има седум пленарни предавања од компании и четири предавања на професори, ќе разговараат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.

На конференцијата ќе бидат презентирани трудови изработени од студенти од Македонија и како иод странство (Србија, Австрија).

Од ФЕИТ ветуваат многу забава како и нови сознанија од оваа проблематика. Влезот е слободен. Конференцијата ќе трае до 25 ноември.

Слично

Поврзани вести