На еден патен правец во земјава има слаби врнежи од снег
Од село Лисец до Попова Шапка, има слаби врнежи од снег, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, освен во југозападниот дел на Македонија каде се бележат слаби врнежи од дожд.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Слично
