Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Џамбаски не му се допаѓа што македонските политичари им го честитаа Свети Сава на Србите

На Џамбаски не му се допаѓа што македонските политичари им го честитаа Свети Сава на Србите

На европратеникот Ангел Џамбаски не му се допаѓа тоа што македонските политичари на Србите им го честитаа празникот Свети Сава. 

Вели дека не познава ниту еден друг премиер што би им честитал на окупаторите и на колонизаторите на сопствената држава. 

„Дури и површен преглед на историските извори и на времето непосредно пред и по 1903 година на географското подрачје на Вардарска Македонија, современа Република Северна Македонија, јасно ги покажува улогата и односот на Србите кон локалното, главно бугарско население што живеело таму“, напиша на Фејсбук европратеникот Ангел Џамбаски. 

Премиерот Зоран Заев во својата честитка до српската заедница за националниот празник – Свети Сава најавува дека во Општина Центар ќе се изгради Српски културен центар и дека се враќаат наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура.

Слично

Поврзани вести