Економија, финансии, бизнис

Контакт

На двоецот Грујевски-Бошковски за лажните пасоши ќе им се суди догодина во мај

На двоецот Грујевски-Бошковски за лажните пасоши ќе им се суди догодина во мај

И денешното рочиште за лажните пасоши на екс началиникот на УБК  Горан Грујевски и Никола Бошковски се одложи.

Судењето во Грција е одложено и презакажано за 18 мај следната година. 

Образложението на судот во Солун е дека еден од обвинетите со исто дело како она на Грујевски и Бошковски не бил спроведен во судот. 

На Грујевски и Бошковски требаше да им се суди како на група фатена со лажни пасоши и без правен статус во Грција. 

И двајцата екс тајни агенти поднеле барање за азил во Грција а на 13 декември судот во Солун ќе треба да се изјасни за барањето кое Македонија го побара за екстрадиција на Грујевски и Бошковски во Македонија.

Нивните адвокати, како што пренесоа дел од медиумите кусо објаснуваат дека во секој случај ќе има право на жалба која ќе го одложи нивното испорачување бидејќи жалбата оди до Врховниот суд во Атина.

Слично

Поврзани вести