Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Духовден изменет сообраќаен режим кај гробиштата Бутел

На Духовден изменет сообраќаен режим кај гробиштата Бутел

Поради верскиот празник Духовен, во сабота сообраќајот кај гробиштата Бутел од 7 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање, ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата.

Ова го соопштија денеска од МВР. За излез, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.

Во петок и недела кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник, од сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат преземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.

Слично

Поврзани вести