На Драги Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот
На поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот.
Кривичниот суд денеска објави дека обвинителниот акт против него и уште шест лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 8 октомври е оценет и одобрен во целост.
Против Рашковски е покренато обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари додека пак останатите се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Рашковски е обвинет за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконско спроведување на јавна набавка.
