Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Достовски му нашле марихуана в џеб, денес ќе протестираат за него

На Достовски му нашле марихуана в џеб, денес ќе протестираат за него

Денеска во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1 е закажан протест за поддршка на приведениот Филип Достовски, основачот на Зелена алтернатива и активист за легализација на марихуаната и едукатор за лекување со масло од канабис.

Тој од синоќа е еден од тројцата приведени по акцијата на полицијата по кафулињата во Скопје. Во неговиот џеб била пронајдена ќесичка со канабис.

Како што најавуваат организаторите на „Фејсбук“, протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци. Тие бараат да се овозможи достоинствен живот и „лекување во слобода и без страв од реперкусии“.

„Канабисот е лековито растение, кое на илјадници граѓани во Македонија им го продолжува животот, но и на стотици им го загрозува поради строгите и неоправдани законски регулативи“, пишуваат во повикот за утрешниот протест.


Слично

Поврзани вести