Економија, финансии, бизнис

Контакт

На донаторите на Ќосето ќе им се одземат просториите?

На донаторите на Ќосето ќе им се одземат просториите?

Владата денеска на седница ќе одлучува и за одземање на просториите во Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на неколку споменици од проектот „Скопје 2014“.

„На дневниот ред на Владата ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење на недвижност на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје“- се наведува во соопштението од владината прес-служба за денешната седница.

Во согласност со податоците во „Службен весник“, ова Здружение од претходната Влада на трајно користење доби деловни простории, со вкупна површина од 49 квадратни метри, на улицата Вељко Влаховиќ во Скопје. Покрај просториите, Здружението на трајно користење од претходната влада доби и половно возило „ауди а4“, со проценета вредност од 300.000 денари, односно околу 5.000 евра.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин ги донираше споменикот на генерал Михајло Апостолски, кој е поставен кај клучката „Континентал“, потоа контроверзниот споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кај Судска палата, споменикот на Ѓорѓи Сугарев кај комплекост факултети. Донација на Здружението се и спомениците на Никола Петров Русински и на Пере Тошев поставени во близина на Универзитетската библиотека, споменикот на Света Лидија, кој е поставен кај плоштадот Богородица и споменикот Децата бегалци од Егејска Македонија, кај хотелот „Холидеј ин“.

Слично

Поврзани вести