Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ДНЕВЕН РЕД Е ЦАР САМОИЛ - денеска и утре онлајн состанок на заедничката комисија

НА ДНЕВЕН РЕД Е ЦАР САМОИЛ - денеска и утре онлајн состанок на заедничката комисија

Заедничката бугарско-македонска историска комисија одржува онлајн состанок денес и утре, јави репортерот на БГНЕС.

Ова е втор состанок за оваа година и 14 по формирањето на комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година. Се очекува годинава да се одржат вкупно пет состаноци. 

Од БГНЕС со уинтересен коментар дека, како што напишале „поголемиот дел од минатата година, Комисијата не работи поради изборите во РС Македонија, кои се одржаа минатото лето“.

На денешната средба, историчарите од обете страни повторно разговараат за прашањето за царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за недостаток на напредок во историските прашања.

Новинарот на БГНЕС потсетува дека пред околу две години бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за Цар Самоил. Сепак, по се изгледа дека не се успеало да се затвори таа тема.  

извор Бгнес

Слично

Поврзани вести