Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ДЕНОТ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА: Делчево потпиша договор за изградба на регулација на коритото на Брегалница

НА ДЕНОТ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА: Делчево потпиша договор за изградба на регулација на коритото на Брегалница

На 29 септември, денот кога започна кампањата за локалните избори, Општина Делчево потпиша договор за тендерот, со кој ќе прави изградба на регулација на коритото на река Брегалница во централно градско подрачје на градот, возводно од регулирано корито - дел во должина 320 метри. 

Договорот, за кој тендер бил распишан уште од 22 јули, а најповолниот изведувач бил избран на 11 септември. Со ова, Делчево ќе потроши над 42 милиони денари, или 684 илјади евра - пари кои се обезбедени од владата, од унгарскиот кредит, а за областа на животната средина и просторното планирање.

Согласно договорот, фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово треба да го заврши проектот во рок од една година откако е потпишан договорот, а треба да почне со работа веднаш по потпишувањето. Доколку не го стори тоа за седум дена, договорот ќе биде раскинат, а со тоа и ќе биде земена гаранцијата од 5% од вредноста на договорот која ја понудила фирмата, односно над 2 милиони денари. 

Општината и претходно вршеше регулација на коритото на река Брегалница. Во 2023 година, советниците донесоа Одлука за сопствено учество на Општина Делчево за проектот „Регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје низводно-фаза 2. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесуваше 21.511.636 денари, а општината обезбеди учество од 6.453.491.00 денари со вклучен ДДВ.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести