Економија, финансии, бизнис

Контакт

На денот на избори гласачите нема да го прочитаат новото уставно име

На денот на избори гласачите нема да го прочитаат новото уставно име

На денот на самите претседателски избори на 21 април гласачите нема да го прочитаат новото уставно име „Република Северна Македонија“ на гласачките ливчиња.

Ова го потврди претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, за Канал 5. Тој наведе дека на ливчињата ќе пишува само дека се гласа за „претседател на државата“ но без новото име на земјата. 

Засега не е јасно под кои причини е донесена ваква одлука, но се верува дека и оди во прилог и на власта и на опозицијата, односно на тој начин ливчето нема да иритира дел од поосетливите гласачи на новото уставно име.

Од друга страна Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во интервју за Сител рече тие се распишани како „претседателски избори на Република Македонија“ од страна на Собранието.

Слично

Поврзани вести