Економија, финансии, бизнис

Контакт

На денот на Европа-пораки за крај на кризата и тргнување во вистинска насока

На денот на Европа-пораки за крај на кризата и тргнување во вистинска насока

На денот на Европа 9 мај амбасадорите упатија порака во која му порачаа на шефот на државата да покаже државнички став.

Францускиот амбасадор рече дека претседателот Иванов е одговорен државник кој е сигурен дека и ќе делува на тој начин.

„Тој е шеф на државата и работите се во негови раце, тој е одговорен државник, и сигурен сум дека така ќе делува“, истакна Кристијан Тимоние.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар пак истакна дека денес кога ЕУ одбележува 60 роденден исправена е пред низа предизвици, но и избори.

– ЕУ е избор за граѓаните на Европа, за земјите аспиранти и нивните граѓани. Живееме во време на промени и на предизвици. Секоја наша земја членка, секоја земја од Западен Балкан како идна членка како ЕУ и самата и граѓаните на Европа треба да решат како ќе се справат со овие промени и предизвици при изборот треба да се водиме од лекциите од историјата, рече Жбогар.

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми кој беше домаќин на ЕУ појадокот што традиционално Секретаријатот за европски прашања го организира по повод денешниот ден истакна дека е време е да ставиме крај на маѓепсаниот круг на кризата и да се насочиме во спротивен правец. 

Слично

Поврзани вести