Економија, финансии, бизнис

Контакт

На црвено со огромна брзина удрил во друг автомобил на Партизанска

На црвено со огромна брзина удрил во друг автомобил на Партизанска

Тешка сообраќајна несреќа утрово околу 04:10 часот се случи на булеварот Партизанска откако еден од автомобилите поминал на црвено светло на семафор со огромна брзина, удирајќи директно во друг автомобил.

Во сообраќајката учествувале Фиат Линеа, Ауди А6, Мерцедес и Опел Астра, а според очевидците, две лица се потешко повредени. 

Ова е уште во низата на сообраќајни несреќи на булеварот Партизански одреди кој прерасна во тркачка патека во ноќните часови, па се поставува прашањето каде е сообраќајната полиција. 


Слично

Поврзани вести