Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Централниот одбор на СДСМ ќе се расправа и за „Рекет“

На Централниот одбор на СДСМ ќе се расправа и за „Рекет“

Прва точка на седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе биде случајот „Рекет“, како и останатите актуелните политички случувања. Ова го најави премиерот Зоран Заев. 

„Одговорноста ја утврдуваат истражните органи за секој што се огрешил пред законот, па дури ако постојат индиции за таа работа ние ќе побараме политичко оградување од него секако се додека не си ја докаже својата невиност или му се докаже вина“, изјави Заев за телевизија Сител,  на прашањето дали ќе има одговорност и од функционери на СДСМ.

Заев верува дека власта треба да биде најдобар пример на враќање на довербата на владеење на правото, правната држава. 

Владејачката партија во 18 часот ќе се состане.

Слично

Поврзани вести