Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Бугарите не им се допаѓа ставот на Мицкоски дека бугарските клубови треба да се затворат

На Бугарите не им се допаѓа ставот на Мицкоски дека бугарските клубови треба да се затворат

Бугарија реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека бугарските клубови треба да се затворат. Бугарското Министерство за надворешни работи(МНР) внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови. 

Според бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев, како што јави дописникот на МИА во Софија,  вакво однесување е единствено во корист на фактори или трети страни, кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Македонија.

Коџабашев за измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии во Македонија вели дека властите во Софија стравуваат дека со нив може да се ограничи правото на здружување. Наведе дека со законските измени се воведува нова комисија за имиња на личности, прашувајќи кој ќе има контрола врз ставовите на комисијата, дали се обезбедува правото на обжалување на нејзините одлуки, какви се критериумите од кои комисијата ќе се води во својата работа.

„Бугарија смета дека ако се водело соодветно внимание и грижа за човековите права, таков важен предлог-закон требало претходно да се испрати на мислење, бидејќи сега во практика законот почна да се применува“, додаде тој.

Коџабашев наведе дека сега претстои дали Владата во Скопје ќе го испрати Законот за здруженија и фондации за мислење до Венецијанската комисија.

Мицкоски кажа дека бугарските клубови треба да се затворат затоа што ниту Македонците во Бугарија немаат право на таков клуб, односно нема реципроцитет. 

Тој вели дека неформалниот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград е веднаш затворен по отворањето.

Инаку, шеесет и деветгодишен маж од пловдивското село Крумово подготвува приватен македонски клуб во дворот од својот дом. Борислав Божинов се изјаснува како Македонец. 

Слично

Поврзани вести