На „Борис Трајковски“ 57 сообраќајки за пет месеци
За пет месеци полицијата регистрирала 57 сообраќајни несреќи од кои во три имало смртни последици, три со тешки телесни повреди на скопскиот булевар „Борис Трајковски“, што веројатно ја прави најнебезбедна сообраќајница во изминатиот период, објави МИА:
35 сообраќајки биле со телесни повреди, а во 16 биле евидентирани само материјална штета. Неприспособената брзина е една од главните причини за сообраќајките, но проблем се и трките што особено во топлите денови се случуваат во ноќните часови.
Пред десетина дена на пет минути по полноќ на булеварот кај општината, патничко моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувао од засега непознато лице, удрило во металната конструкција од автобуската постојка, како и во две метални канделабра, по што од ударот возилото се превртело, а по незгодата возачот го напуштил местото на несреќата.
Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека најчести причини за случените сообраќајни незгоди на оваа сообраќајница се неприспособена брзина на движење на условите на патот, неправилно престигнување, потоа возење под дејство на алкохол, неотстапување првенство на минување, како и поминувње на затворен светлосен сигнал, односно црвено светло.
