На Богородица со рент-а-кар возило сакал да прошверцува лаптопи
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет лаптопи од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра на влез во државата на граничниот премин Богородица.
- Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиja претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.
Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот ги подигнал десетте лаптопи од карго-компанија во Солун, а потоа, со намера нелегално да ги внесе во државата, ги сокрил на различни места во возилото со кое патувал. Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, објави Царина.
Слично
