На Богородица се чека повеќе од еден час, тензии меѓу возачите
Фото: Слободен печат
Колона возила утринава на граничниот премин Богородица. Македонската граница се поминува веднаш, а на грчката се чека и по повеќе од еден час, објави Слободен печат со свои фотографии.
Меѓу возачите има тензија поради хаосот кој го предизвикуваа поединци кои сакаа преку ред да ја поминат границата и побрзо да стигнат до плажите.
Меѓу возилата, има голем број со македонски регистарски ознаки, но кон грчките плажи утринава се имаат упатено и бројни српски државјани.
Слично
