На Богородица откриени 35 килограми марихуана
На граничниот премин Богородица на излез од Македонија, царината вчера околу 12 часот и 30 минути запленила 35 килограми марихуана и 10 килограми хашиш. Лицата кои ја носеле дрогата се граѓани на Албанија.
Автомобилот го возело лицето О.Л. и сопатникот А.Ј., двајцата државјани на Република Албанија. Истите не пријавиле ништо за царинска контрола. Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, го селектирале возилото по што е извршена детална контрола. При контролата, во подот од возилото, во специјално направен простор, пронајдени се 49 пакувања со зеленкаста тревкаста материја обвиткани со црна трака, за кои по извршеното вештачење утврдено е дека станува збор за 34,6 килограми марихуана и 9,8 килограми хашиш, информираат од Царинската управа.
Дрогата е набавена во Република Албанија и била наменета за црниот пазар во Република Грција и Република Турција.
