Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Балканот му се закануваат нови временски непогоди и поплави

На Балканот му се закануваат нови временски непогоди и поплави

Метеорологот Славчо Попоски вели дека на Балканот му се закануваат нови временски непогоди и поплави.  Ова се однесува за есента. 

„Судејќи барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, во текот на есента на Балканот доаѓаат нови временски непогоди и поплави. Можни се дури слични катастрофални поплави како оние кои неодамна ја зафатија Словенија, каде имаше и човечки жртви. Од оваа временска непогода ќе биде погоден целиот регион, па и Македонија, каде се очекуваат почести и поинтензивни врнежи.   Како што ќе навлегуваме во есента подлабоко и подлабоко, исто така ќе растат и условите за почести врнежи од снег во Алпскиот регион, па и на највисоките планини на Балканот. Апелираме властите во регионот и во Македонија навремено да се поодготват за евентуални вакви силни временски непогоди кои ги најавуваме за претстојната есен“, вели Попоски. 

Словенија ги санира штетите од поплавите. 

Слично

Поврзани вести