НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: Повреден е Индиец додека растоварал песок
Повреден е Индиец додека растоварал песок на автопатот во изградба Кичево-Охрид.
Во полициската канцеларија во кичевското село Извор, вчера околу 12:40 часот е пријавено дека е повредено едно лице.
„При изведување градежни работи-растовар на песок од товарно возило, на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на селото Лавчни, со повреди се здобил Ш.Л.(48) од Индија“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тој е пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Кичево. Во земјава според податоци на АВРМ, има странци од повеќе земји како Индија, Непал, Филипини, Турција, Косово и други.
Слично
