Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Андреј Ковачев му пречи што Македонија го слави 11 Октомври?

На Андреј Ковачев му пречи што Македонија го слави 11 Октомври?

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев повторно провоцира. 

Вели нема разлика во идеологијата на рускиот претседател Владимир Путин и тие што слават 11 Октомври, кога од зад грб еден сограѓанин убил друг. 

„Многу е тажно што тие ја „слават“, како што велат, антифашистичката борба, или со други зборови антибугарската, борбата против бугарскиот фашистички окупатор, како што велат тие. И тие сметаат дека нивната држава е основана на тоа. Дали разбирате колку е сериозен проблемот? Проблемот е што нивната елита, како што велам, ова е прашање на елитата, и од СДСМ и од ДПМНЕ мислат дека државата им е антифашистичка и поради тоа излегува речиси истото што го кажува Путин. Не гледам никаква разлика меѓу идеологијата што ја шири Путин, дека се бори против нацизмот и фашизмот во Украина, и она што им го остави во наследство Тито во Скопје, дека се борат против фашистите. И ги видовме чудните сцени во Охрид, како повторно нè нарекуваат „фашисти“ и „Татари“. И споменот на неговото височество Цар Борис Трети се обидуваат да го оцрнат, што е многу недостојно“, изјави Ковачев за бугарската агенција Фокус.

И претходно тој упатувал слични критики кон Македонија, на тема историја. Во Македонија денеска се слави 11 Октомври, државен празник кој беше одбележан во Прилеп и Куманово. 

Слично

Поврзани вести