Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Алберт Муслиу му монтирале камери дома

На Алберт Муслиу му монтирале камери дома

Александар Василевски Нинџа како обвинет сведок на денешното рочиште за 27 април откри дека тој и УБК му монтирале камери на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во неговиот дом со цел да го следат неговото движење додека траело објавувањето на „бомбите“.

„Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу“, ѝ одговори Нинџа на судијката Вилма Русковска.

Муслиу важи за коментатор и аналитичар на политичките процеси во Македонија и е чест гостин во телевизиските емисии и дебати.


Слично

Поврзани вести