Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 95 години почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица

На 95 години почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица

Вчера на 95 години, по кусо боледување почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во НОБ. 

Таа е одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.

Родена е во Битола, каде завршила основно образование, а пред завршување на гимназија се пријавува во партизанските редови за борба со фашистичкиот окупатор.

По ослободувањето, завршува гимназија и дипломира на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески. Во текот на животот извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво. Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските Гробишта Бутел.

Слично

Поврзани вести