На 58 години почина професорката на ФЕИТ Анета Бучковска
Професорката на ФЕИТ Анета Бучковска денеска почина на 58 години. Посмртните останки на починатата Бучковска ќе бидат изложени во капела утре во 11 часот на Градските гробишта Бутел.
Професорката на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ стана доктор по математика во 2000 година, а од 2001 година предава на Институтот за математика и физика на ФЕИТ.
ФЕИТ информираше дека ќе организира комеморативна седница за која ќе има дополнително известување.
Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер, Владо Бучковски.
Слично
