Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 57-годишна возраст почина Жарко Луковски

На 57-годишна возраст почина Жарко Луковски

Бизнисменот и поранешен главен извршен директор во  T-Mobile  Жарко Луковски, почина попладнево на 57-годишна возраст. 

Луковски беше на највисоки раководни позиции во Т-Mobile од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Одигра важна улога во спојувањето на Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија, со што директно придонесе компанијата да ја задржи  лидерската позиција на пазарот“.

Под негово раководство се реализирани проекти кои целосно ја сменија телекомуникациската индустрија во Македонија, особено во областа на развојот на мобилната технологија, како што е воведувањето на 3G и 4G мрежата за прв пат на пазарот.  Работеше на развој на ИКТ бизнисот како што е проектот „паметен град“ и се залагаше за иновативни решенија како што е мобилното плаќање и воведуваше  иновации во начинот на работа на компанијата.

Слично

Поврзани вести