„На 5 минути од станот имаме инсинератор за отпад кој од ѓубре произведува струја“: Македонецот Калајџев за искуството во Токио
На 5 минути пешки од станот кај што живеам во Токио имаме инсинератор за отпад кој е во постојана служба и од сето собрано, селектирано ѓубре од соседството произведува струја за истото. Има филтер кој целосно го заштитува квалитетот на воздухот. Целата работа на инсинераторот е транспарентна за јавноста и напред има панел кој покажува колку отпад е собран и согорен секој ден и колку енергија е произведено од тоа.
Ова на социјалните мрежи го објави македонецот Симон Калајџиев, кој живее во Токио, главниот град на Јапонија.
Како што сподели Калајџиев на социјалните мрежи, управувањето со отпадот во овој голем јапонски град е отворено за сите жители. Тој укажа дека инсинераторот се наоѓа во непосредна близина на местото каде што живее.
- Секој граѓанин придонесува на службите за собирање отпад со тоа што мораме да го сортираме сами отпадот и да го изнесуваме во специјални кеси кои кога ги купуваме плаќаме одредена таксена марка за секоја ќеса според литража. Струјата што се произведува ја користиме и имаме увид во целото располагање на инсинераторот и на произведената струја, завршува за ова позитивно искуство кое се применува во Јапонија - посочува на крајот од објавата.
