На 4 февруари заеднички ќе се чествува Гоце Делчев
Бугарскиот премиер Кирил Петков, давајќи отчет пред бугарските пратеници за средбата со македонската владина делегација, рече дека минатата недела договорено било да се чествува заеднички јубилејот од раѓањето на Гоце Делчев.
- За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со РС Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, потврди меѓудругото бугарскиот премиер.
Последен пат Македонија и Бугарија заеднички го чествуваа раѓањето на Гоце Делчев во 2019 со заедничко положување венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“.
На свеченоста беа присутни тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Бориосв.
Слично
