„НА 35 СТЕПЕНИ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВСКИ НЕ СЕ ПУШТААТ КЛИМИТЕ“: „Оттаму се правдаат дека ќе немаат средства, студентите учат по ходници“, вели Мухамеди
На социјалните мрежи се споделува информација дека не работеле клима уредите во Градската библиотека Браќа Миладиновци.
„На 35 степени во Градската библиотека Браќа Миладиновци не се пуштат климите…
Од Библиотеката се оправдуваат дека ке немаат средства да ги исплатат фактурите. Неспособните од Град Скопје и од Левица (кои раководат со библиотеката) не се во можност барем за време на испитните сесии да ги пуштат климите а да не збориме за другите услови кои се катастрофални.
Студентите се принудени да учат по ходници бидејки за ботоксираната и неморалната градоначалничка има пари секоја недела да оди на службени патувања ама немало пари за струја“, напиша Умејр Мухамеди, кој редовно го крева гласот за разни општествени прашања.
