Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 30 март почнува судењето за трагедијата во Тафталиџе: Стојанче Јовановски обвинет за наведување на самоубиство

На 30 март почнува судењето за трагедијата во Тафталиџе: Стојанче Јовановски обвинет за наведување на самоубиство

За неполни две недели во Основен кривичен суд Скопје ќе започне судската постапка против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство во случајот со трагедијата во скопската населба Тафталиџе, кога Ивана го загуби животот со пад од зграда заедно со својата шестгодишна ќерка Катја.

Првото рочиште е закажано за 30 март, кога Јовановски треба да биде изведен пред судот и да започне процесот во кој ќе се утврдува неговата одговорност.

Јавно обвинителство на Македонија го товари обвинетиот за четири кривични дела:

  • телесна повреда

  • телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство

  • загрозување на сигурноста

  • наведување на самоубиство

Случајот предизвика силни реакции во јавноста по трагедијата што се случи во Тафталиџе, кога мајката и малолетното девојче го загубија животот по пад од зграда.

Со почетокот на судскиот процес се очекува пред судот да бидат изнесени доказите и сведочењата поврзани со настанот.

Фото:Принтскрин

Слично

Поврзани вести