На 28.април пристигнуваат сите 200.000 вакцини од Кина: Филипче добил потврда од Кинеската амбасада во Скопје
Министерот за
здравство, Венко Филипче, денеска пред Спортскиот центар А1 Арена „Борис
Трајковски“, откако ги посети пункотвите каде се вакцинираат повозрасните
граѓани од 73 и 74 години, обелодени дека утринава добил потврда од Кинеската
амбасада во Скопје, декА сите 200.000 дози за кои е направен договр треба да
пристигнат на 28.април во Македонија.
Истовремено повтори кога треба да пристигнат и вакцините од другите фармацевстки компании.
-Следните вакцини ги очекуваме на почеток на следната недела од „Фајзер“, според најавата на 19. април 10.000 вакцини, понатаму на 26 уште 10.000, и утрово стигна потврда од кинеската амбасада дека целокупната количина од 200.000 кинески вакцини треба да пристигне околу 28 април, нагласи министерот Филипче.
