Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 25 август ќе пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти - ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО ГЕРМАНСКИ „ДЕРМАЛОГ“

На 25 август ќе пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти - ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО ГЕРМАНСКИ „ДЕРМАЛОГ“

Државната изборна комисија го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти, системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Договорот е во висина од околу 11 милиони евра. Првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври годинава во земјата треба да пристигнат на 25 август, истакна денеска во интервју за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски.

„Договорот е склучен и покрај ова што го рековте вие, софтверот и терминалите, тука спаѓа и друга опрема што значи дополнителна опрема, резервни делови, тука спаѓа кутијата односно класичното куферче за чување на опремата кое исто е направено по одредени стандарди за да не може да подлежи на кршење, на прашина, вода, литиумски батерии, тука се каблите за поврзување и целокупната опрема. Со него е купен и мрза скенерот и термалниот принтер“, изјави Даштевски.

Тој потенцира дека договорот ги опфаќа и услугите што компанијата треба да ги испорача кон Комисијата во наредните четири години.

„Услугите, како што е дефинирано вчера во договорот, ќе траат не само за овој избирачки процес, туку ќе траат во наредните четири години, сервисирање на опремата и спроведување на целиот изборен процес во смисла на ставање на отпечатоци на прст. Она што беше дилема во јавноста дека зошто ваков договор и како ќе се направи тоа, значи е решено со ова, бидејќи сервисната поддршка ќе изнесува 60 месеци, сметано од потпишување на договорот и согласно со планот за поддршка и одржување наведена во техничкиот дел на понудата на носителот на набавката, а носителот на набавката е компанијата со која го склучивме, тоа ќе значи дека тие услуги што ќе ги дадат се да бидат присутни тука на теренот со 150 и повеќе инжинери ако проценат. По склучување на договорот тие ќе склучат договори со контрактори и супконтрактори што ќе им бидат тука за помош, за логистика“, вели Даштевски во интервјуто.

Слично

Поврзани вести