Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 21 април гласаме за избор на шестиот претседател на Македонија

На 21 април гласаме за избор на шестиот претседател на Македонија

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери синоќа ги распиша претседателските изборите кои ќе се одржат напролет. За претседател ќе гласаме на изборите кои ќе се одржат на 21 април. Вториот круг,  би се одржал на 5 мај.  Џафери апелираше партиите да ги почитуваат правилата за фер и демократски избори.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избран меѓу 8-мината пријавени на партискиот конкурс на Конвенцијата на 16-ти февруари.

Засега нема одлука ни за предвремени избори кои ги бара опозицијата. Премиерот Зоран Заев вели дека реформите се приоритет пред изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Заев бега од соочување со граѓаните поради погубните политики.

Во април се одржуваат шестите претседателски избори во земјава. 

Слично

Поврзани вести