НА 1.СЕПТЕМВРИ СТАРТУВААТ СО РАБОТА БИБЛИОТЕКИТЕ: Читалните со посебни протоколи
Град Скопје
денеска соопштува дека 1. септември ќе почнат со работа
повторно читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со работно време
од 08.00 до 19.00 часот, и тоа од понеделник до петок. Во соопштението се
наведува дека ќе важи посебен протокол, со цел заштита и на корисниците и на
вработените од ширењето на корона вирусот.
-Како подготовка
пред отворањето на читалните во целиот објект се отстрануваат сите места за
седење кои се надвор од читалните; на јасно видливи места се истакнуваат
информации според кои - се забранува присуство во другите простории на објектот
каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор); предмети (чанти,
ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се
затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки
за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска
за лице во просториите на читалната; масите и столчињата се наоѓаат на
растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен
бројот на посетители во читалните (во читалната 1 на прв кат има 30 седишта, а
во читалната 2 на втор кат - 25 седишта); вратите и прозорците се оставаат
отворени, истите се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција
на обувките; пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на
рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување на
пијалаци и храна не се во функција.
За влез и излез од објектот важат следните протоколи - пред секое влегување се дезинфицираат рацете; лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задолжително носи ракавици, маска и очила/ визир за заштита; пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот; на пријавница се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење; се евидентираат времето, име, презиме и податоци за контакт; странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со SarsCoV-2 и дали има забележливи симптоми; напуштање на местото за седење се најавува на пријавница.
За одржување на хигиената во објектот, санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои 2 часа; по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати 10 минути.
Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба; се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот; се работи според претходно утврдено работно време (од 8 до 19 часот од понеделник до петок, сабота и недела читалните не работат); списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивните информации за контакт се чува две недели.
